Извлечени групите од четвртфиналната фаза на Купот на Македонија

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска ги извлече групите за втората фаза од ракометниот Куп на Македонија, по која следи завршиот Ф4-турнир.

Фаворитите имаа статус на носители и не се во иста група, а РФМ воедно ги покани сите заинтересирани страни кои сакаат да бидат организатори, да достават барање до канцеларијата на РФМ.

Група А:
Бутел Скопје – Вардар 1961
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2

Група Б:
Пролет 62 – Македонија ЃП
Радовиш – Алкалоид

Група В:
Тиквеш – ГРК Охрид
Куманово – Младост Богданци

Група Г:
Струга – Еурофарм Пелистер
Прилеп – Драчево

Натпреварите од Купот на Македонија се играат овој викенд.