Извлечени паровите за новата фудбалска сезона во најдобрата македонска лига

Во просториите на Фудбалската федерација беше формиран календарот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Првото коло ќе започне на 10 август со натпреварите:
Струга – Тиквеш
Беса – Шкендија
Работнички – Силекс
Брера – Вардар
Пелистер – Гостивар
Шкупи – Воска
Титулата ќе ја брани Струга ТЉ. Последните два тима ќе се спуштат во понизок ранг а 10-та екипа ќе игра плеј-оф натпревар на неутрапен терен со третопласираната екипа во Втората фудбалска лига. Работнички и Вардар ќе го делат теренот на Градски во Скопје додека во Гостивар истоимениот тим и Беса исто така ќе играат на еден стадион.