Изненадувачки интерес на Ливерпул за Мејсон Маунт од Челзи

Повеќе спортски портали во Англија известуваат за изненадувачкиот интерес на Ливерпул за фудбалерот на Челзи, Мејсон Маунт.

Според „Дејли Стар“, репрезентативецот на Англија не се чувствувал доволно ценет од раководството на Челзи и е можно негово заминување од клубот.  

Мејсон Маунт е дете на Челзи и во септември започна преговори за нов договор со тимот од „Стенфорд Бриџ“, меѓутоа неговиот менаџер изјавил дека клубот не ја покажувал потребната почит кон Маунт во споредба со останатите играчи и нивната висина на финансиски примања.

Иако неговата љубов кон Челзи и навивачите е голема, можно е тој да замине за повторно да заигра на високо ниво. Нема подобро место за тоа од Ливерпул, наводно изјавил менаџерот на играчот.