Израелските клубови ја рушат регуларноста на Евролигата

Евролигата, во последните неколку години, ја „дрмаат“ сериозни скандали, а овој пат се појави нов проблем. Имено, регуларноста на натпреварувањето е доведена во прашање поради начинот на кој се игра сезоната.
На израелските клубови им е дозволено да играат, и покрај воената состојба и сè што се случува со нивната земја, додека руските клубови сè уште се под санкции.
Сега пристигна ново соопштение од Шпанија, кое создава дополнителен хаос во елитното натпреварување.
Поради актуелните настани, мора да објавиме дека натпреварите против Хапоел (27 март) и Макаби Тел Авив (7 април) ќе ги играме пред празни трибини на „Буеса Арена“.
Бидејќи се соочуваме со оваа ситуација, клубот сака да нагласи дека сите иматели на сезонски билети ќе добијат попуст за обновување на сезонските билети за следната сезона, се вели во соопштението и извинувањето од шпанскиот клуб Басконија.
На Баскијците, очигледно, им било наредено да постапат на овој начин, без разлика дали тоа директно е од Евролигата или од луѓето задолжени за безбедносните проверки во Шпанија.
Навивачите се огласија на социјалните мрежи по оваа објава, а многумина се прашуваат зошто другите тимови и навивачи треба да бидат казнети поради израелските клубови…