Израелски гигант го сака Мициќ во своите редови

Хапоел Тел Авив се обидува да го доведе Василијe Мичиќ за следната сезона. Тоа го потврди сопственикот на клубот, Офер Јанај, со напомена дека преговорите траат повеќе од еден месец.
Српскиот кошаркар кој игра за Феникс Санс наводно, сака да ја напушти НБА лигата и да се активира во израелскиот состав.
Јанај нагласил дека ќе му понуди 5 милиони на репрезентативецот на Србија за да потпише за неговиот клуб.