Израмнет негативниот рекорд на Југославија на ЕП

Со поразот од Холандија од 3:2, Украина го израмни негативниот рекорд од шест порази во низа на Европските првенства.

Украина на тој начин му се придружи на Југославија, која во периодот од 1968. до 1984. година загуби шест натпревари по ред. Најпрво финалето во 1968. од Италија со 2:0, потоа осум години подоцна од Западна Германија 4:2 и Холандија 3:1, а потоа и во групната фаза во 1984. од Белгија 2:0, Данска 5:0 и Франција 3:2.

Украинците на бодови чекаат уште од 2012. година, кога беа домаќини и кога во првото коло ја совладаа Шведска. Потоа беа поразени од Франција, Англија, германија, Северна Ирска, Полска и синоќа од Холандија.

Шанса за прекин на таа низа ќе бараат против нашата репрезентација во четврток.