Изречени казните за нелегално обложување за Фаџоли и Тонали

Правната сага околу Сандро Тонали и Николо Фаџоли конечно доби завршница, откако италијанските власти официјално ја затворија истрагата поврзана со нелегално обложување.

Двајцата фудбалери уште во 2023 година добија спортски суспензии поради прекршување на правилата за обложување. Тонали беше казнет со десет натпревари суспензија, парична казна од 20.000 евра и задолжителна едукација за зависност од коцкање, додека Фаџоли заработи седуммесечна суспензија и казна од 12.500 евра.

Сепак, паралелно се водеше и кривична постапка поради користење нелегални обложувалници. Според италијанските медиуми, меѓу кои и „Кориере дело Спорт“, случајот сега е официјално затворен.

Во конечната одлука, Сандро Тонали ќе треба дополнително да плати 78.000 евра, додека Николо Фаџоли добил условна затворска казна од еден месец.

Истрагата открила дека двајцата не само што се обложувале преку нелегални платформи, туку наводно им помагале и на други спортисти при отворање сметки и уплата на средства на спорните сајтови.