Икарди доаѓа во Премиер лигата: Фулам спремен да го откупи од ПСЖ

Фулам е блиску до договор за потпис на напаѓачот на Париз Сен Жермен, Мауро Икарди. Сумата на трансферот ќе биде околу 12 милиони евра. ПСЖ може да добие уште три милиони евра како различни бонуси. Преговорите меѓу Икарди и Фулам за договор стигнаа во завршна фаза.

Оваа сезона напаѓачот настапува за турски Галатасарај на позајмица. На 21 натпревар Икарди постигна 15 гола и осум асистенции.  Договорот на 30-годишниот аргентински напаѓач со ПСЖ е до јуни 2024 година, а за оваа екипа настапува од 2019 година.