Икарди има нова девојка, Ванда Нара најави развод
Врската меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара беше контроверзна уште од самиот старт поради минатото кое го имаше аргентинскиот модел со поранешниот најдобар пријател на напаѓачот (Макси Лопез), но сега оваа сапуница доби нова епизода во јавноста.
Ванда Нара предизвика земјотрес на социјалните мрежи откако го обвини својот сопруг Икарди за неверство, алудирајќи на тоа дека трета личност ја уништила нивната врска која трае повеќе од седум години.
„Уништи уште едно семејство поради курва“, гласи Инстаграм сторито на Ванда, по што Нара веќе престана да го следи фудбалерот на социјалните мрежи.
Угледните медиуми од Аргентина уверуваат дека причина за разделбата е неверството на Икарди, односно аферата која ја имал со актерката Евгенија Суарез.