Икарди подготвен да го напушти ПСЖ

Аргентинецот Мауро Икарди е подготвен да го напушти тимот на ПСЖ во потрага по редовен првотимски фудбал, пренесува Футмеркато.

Напаѓачот на ПСЖ изразува незадоволство поради фактот што не добива шанса за настап пред троецот Мбапе, Нејмар и Лионел Меси.

Најверојатна опција за Икарди е негово враќање во Италија но проблем ќе претставува висината на откупната цена која ја бара екипата на Париз Сен Жермен.