Икарди се враќа во Италија, Милан и Рома загреани да го доведат

Мауро Икарди на лето би можел да се врати во Серија А, пренесуваат
италијанските медиуми. Икарди оваа сезона игра во Галатасарај како
позајмен фудбалер од ПСЖ и во Турција си ја „оживеа“ кариерата.
Аргентинецот е во извонредна форма и оваа сезона на 13 меча
постигна 9 гола и 6 асистенции. Икарди на лето ќе се врати во ПСЖ,
но јасно е дека за него нема повеќе место во Париз, а интерес за него
покажуваат италијанските клубови.
Неговата менаџерка, Ванда Нара за италијанските медиуми потврди
дека Милан и Рома ја контактирале и покажале силен интерес за
напаѓачот.
29-годишниот напаѓач сака да се врати во Италија и е спремен да
прифати помала плата за повторно да игра во Серија А.