Икарди се враќа во Италија по позајмицата во Турција

Мауро Икарди на лето би можел да се врати во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Икарди оваа сезона игра во Галатасарај како позајмен фудбалер од ПСЖ и во Турција си ја „оживеа“ кариерата. Аргентинецот е во извонредна форма и на последните 14 меча постигна 9 гола и 6 асистенции.

Икарди на лето ќе се врати во ПСЖ, но јасно е дека за него нема повеќе место во Париз, а интерес за него покажуваат италијанските клубови. Најсилен е интересот на Јувентус, но и Наполи ја следи ситуацијата и ќе сака да го донесе доколку замине Осимен.

29-годишниот напаѓач сака да се врати во Италија и е спремен да прифати помала плата за повторно да игра во Серија А.