Икарди се предомисли, сега сака да остане во Турција
Аргентинскиот напаѓач на францускиот ПСЖ, Мауро Икарди, кој игра како позајмен во Галатасарај, изрази желба да ја продолжи кариерата во турскиот клуб.
„Навистина сакам да останам во Истанбул. Во ПСЖ играв со најдобрите играчи во светот, но не слушнав ништо за себе. Овде ми е многу поинтересно“, изјави Икарди.
30-годишниот Икарди е под договор со ПСЖ до јуни 2024 година. Фудбалерот оваа сезона одигра 17 натпревари за Галатасарај на кои постигна 10 голови и 7 асистенции. Во договорот меѓу клубовите нема опција за купување на аргентинскиот напаѓач. Трансфермаркт го цени Икарди на 18 милиони евра.