Икарди се сели во Шпанија, Бетис фаворит за неговиот потпис
Мауро Икарди моментално се опоравува по тешката повреда здобиена на почетокот на минатиот месец, кога му беа оштетени лигаментите на коленото.
Напаѓачот беше најдобар играч на Галатасарај до повредата, но следеше повреда која ќе го оддалечи долго време од терените. Сепак, тоа не значи дека Икарди е далеку од очите на фудбалската јавност и скаутите ширум Европа. Аргентинецот стана член на турскиот гигант во летото 2022 година, постигна 61 гол на 87 натпревари, а неговото евентуално заминување би било голем проблем за клубот.
Икарди сака од следната сезона кога ќе се врати на терените повторно да игра во една од петте најдобри лиги во Европа, за да прифати нов предизвик во кариерата, а според шпанските медиуми, Бетис е заинтересиран да го доведе во нивните редови.
Во Севиља веруваат дека неговото доведување ќе го подигне тимот на повисоко ниво, што ќе им овозможи да бидат поконкурентни против големите клубови како Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона.
Икарди има важечки договор со Галатасарај до летото 2026 година, што значи дека Бетис ќе треба да плати значителна сума.