Икарди ќе биде првото засилување на Мурињо во Рома

Италијанските медиуми тврдат дека голема е веројатноста Мауро Икарди да се врати во Серија А на лето. Маурицио Покетино наводно не е симпатизаер на играта на Икарди и веќе му порачал дека може да си бара нов клуб. Италијанските медиуми пренесуваат дека Аргентинецот ќе биде примарна цел на Жозе Мурињо во Рома. Реален проблем може да биде високото обештетување што ПСЖ сигурно ќе го побара за Икарди, па ќе се обидат да го донесат на позајмица со право на откуп.