Иконе интересен за големите клубови од цела Европа

Неколку европски гиганти се силно заинтересирани за ѕвездата на Лил и француски репрезентативец, Нанитамо Иконе. Станува збор за 23-годишниот крилен напаѓач, кој минатата сезона блесна во дресот на Лил и одигра клучна улога во освојувањето на титулата.
Иконе е спремен уште во јануари да ја промени средината, а неколку европски гиганти веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
Борусија Дортмунд, Милан и Атлетико Мадрид веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а Лил за неговата слобода бара 35 милиони евра.