Индира Кастратовиќ втора Македонка во „Куќата на славните“
Европската ракометна федерација ги објави имињата на 21 легенда во машка и женска конкуренција кои ќе бидат промовирани во нови членови на Куќата на славните.
Меѓу лауреатите е и легендата на женскиот ракомет во Македонија, Индира Кастратовиќ. Во кариерата Кастратовиќ стана Европски првак со Кометал Ѓорче Петров.
Листата ја промовираше првиот човек на Европскиот ракомет, Михаел Видерер и на неа има седум ракометарки и 14 ракометари. Гала свеченоста ќе се одржи на 14.декември во Виена.
Меѓу оние кои ќе го добијат ова престижно признание се уште Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Ања Андерсен, Луминица Дину, Љубомир Врањеш, Анди Шмит, Штафан Олсон, Марта Манге, Лук Абало, Иван Чупиќ, Дејан Периќ, Игор Вори и Виран Морос.
Претходно, член на Куќата на славните стана и актуелниот селектор на машката репрезентација, Кирил Лазаров.