Инзаги: Скудетото е прва цел на Интер оваа сезона
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, верува дека неговиот тим може да го освои Скудетото следната сезона. Инзаги, кој се подготвува со тимот во Јапонија, вели дека е свесен колку тешко ќе биде да се стигне до целта и следната сезона.
„Сакаме да се наметнеме во Европа, знаеме дека ќе биде тешко, но ќе се обидеме. Потоа, тука е големата цел, освојување на Скудетото, тоа е нашата желба. Добро се подготвуваме во Јапонија и се надевам дека добро ќе ја отвориме сезоната“, вели Инзаги.
Интер минатата сезона ја заврши играјќи во финалето на Лигата на шампионите, а во Серија А заврши на третото место зад шампионот Наполи и екипата на Лацио.