Иниго Мартинез ќе го менува Пике во Барса

Искусниот стопер Жерар Пике наскоро би можел да ја напушти Барселона

Тренерот Чави Хернандез се помалку смета на Пике, кој во Барса е од 2008 година и со тој клуб освои се што можеше да се освои.

Договорот на Пике со каталонскиот гигант истекува во 2024 година, но тој ќе си замине многу порано. Така шпанските медиуми веќе почнаа да пишуваат за можна замена за него која Барса се обидува да ја донесе. Во прашање е стоперот на Атлетик Билбао, Иниго Мартинез.

Мартинез е четири години помлад од Пике, влезе во последната година од договорот со Билбао и од 1-ви јануари следната година ќе може слободно да преговара со Барса.