Иниго Перез е нов тренер на Рајо Ваљекано

Рајо Ваљекано назначи нов тренер по оставката на Франциско Хавиер Родригез. Нов предводник на екипата на Рајо Ваљекано во чии редови настапува и нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е 36-годишниот Иниго Перез, кој нема искуство како главен тренер. По завршувањето на кариерата како играч во јули 2022 година, тој работеше во Рајо Ваљекано како асистент.

Информациите за времетраењето на договорот не се откриваат. Рајо Ваљекано има само една победа на последните 14 натпревари во шпанското првенство и се наоѓа на 14. место. Следниот натпревар тимот го игра на 18 февруари – против Реал Мадрид на домашен терен.

Во текот на својата кариера, Иниго Перез играше како централен играч за врска и го носеше дресот на Осасуна, Нумансија, Атлетик и други шпански клубови.