Интервју на Азар кое не му се допадна на Реал, ниту на Челзи!
Еден Азар повторно е повреден, па така ја продолжи својата низа на повреди откако пристигна во Мадрид пред година и пол, но сепак тоа за него и не е крај на светот.
Белгијанецот откри друга страна која за него делува позитивно и го одржува во овие тешки моменти. „Се надевам дека уште долго ќе уживам на теренот. Само што наполнив 30 години, можам да играм уште барем пет, шест години. Кога ќе ја завршам кариерата, сакам да бидам горд кога ќе се потсетам на тоа што сум постигнал. Но, сега сум посветен на опоравување и на секој следен натпревар, кога на тоа ќе дојде ред.“ – вели Азар. Во опширното интервју, Азар се потсети на своите најрани навивачки денови, кога беше голем симпатизер на Арсенал. Подоцна, како легенда на Челзи, Арсенал беше голем ривал на белгијанецот. „Како дете, сакав да ја гледам репрезентацијата на Франција. Играчите на кои се угледував беа Зидан и Анри и тешко ми е тоа да го признам сега, поради мојата поврзаност со Челзи, но како дете навивав за Арсенал. Играчите со кои растев беа Пирес, Вилторд и Виеира, навистина беа импресивни.“ – истакна Азар. Азар се очекува да паузира уште минимум барем еден месец, па да биде подготвен во втората половина од месец март.