Интер без Димарко на гостувањето во Ротердам

Играчот на Интер, Федерико Димарко ќе го пропушти претстојниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Феенорд поради повреда на бутниот мускул.

Димарко се повреди во саботата на натпреварот против Наполи (1-1) и го напушти теренот на почетокот на вториот дел. Тј го постигна голот за Интер за водство во 22. минута со слободен удар.

Димарко оваа сезона во Серија А постигна четири гола и имаше пет асистенции.

Италијанските медиуми објавија дека 27-годишниот фудбалер би можел да отсуствува околу три недели и најверојатно ќе се врати на терените по репрезентативната пауза.

Покрај натпреварот против Феенорд во среда во Лигата на шампионите, Димарко ќе ги пропушти и првенствените натпревари против Монца и Аталанта.