Интер во проблеми поради Лукаку!
Лидерот во Серија А, милански Интер се најде во неочекуван проблем поради неисплатениот бонус кон Манчестер Јунајтед за трансферот на Ромелу Лукаку, кој настана по клаузулата за обврската на миланскиот клуб да го исплати остатокот од барањата.
Најдобриот белгиски напаѓач во Милано пристигна во 2019. година од Јунајтед потпишувајќи петгодишен договор. Обесштетувањето за кое Интер се обврза да го плати изнесуваше 74 милиони евра, со додатни бонуси на име на учинок на фудбалерот кој е одличен оваа сезона.
Бидејќи Интер не го исплатил бонусот, Јунајтед ја активира споменатата клаузула.
Знаејќи дека парите се голем проблем во годината на пандемија, Јунајтед предлага алтернатива во вид на надокнада „во натура“.
Според пишувањата, „црвените ѓаволи“ се распрашуваат за Лаутаро Мартинез и Милан Шкринијар, па останува да видиме каков ќе биде епилогот.