Интер враќа напаѓач кој многумина го заборавија

Италијански Скај Спорт јавува дека Интер размислува за враќање на Едер, 34-годишниот напаѓач.
Едер во Интер помина две и пол години од 2016. до 2018. година, а потоа замина во кинески Џиангсу Сунинг, каде ја освои титулата во домашното првенство. Интер и Џиангсу имаат исти сопственици, па тоа му го олеснува планот на клубот од Милано, бидејќи Едер би дошол бесплатно.
Поранешниот италијански репрезентативец, кого во Европа многумина го заборавија по заминувањето во Кина, е во одлични односи со Антонио Конте, кој во 2016. година како селектор го поведе на Европското првенство.
Минатата сезона, Едер постигна девет голови и запиша шест асистенции, а во две и пол сезони колку што помина во Интер, имаше 14 погодоци во 86 настапи.