Интер го враќа Перишиќ во своите редови

Иван Перишиќ е желба на Интер, а играчот на Хајдук наводно нема ништо против да се врати во Милано.

Италијанскиот „Тутоспорт“ пренесува дека Перишиќ во изминатите недели испраќал позитивни сигнали и кај него постои желба да се врати во редовите на Интер. Од друга страна „нероаѕурите“ би можеле да реагираат и да го доведат како замена за Бујкенан кој се повреди на тренингот на Канада на Копа Америка.

Перишиќ има договор со Хајдук до крајот на август, а неодамна спортскиот директор Никола Калиниќ не можеше да потврди дека тој ќе остане.

„Се е на него, ќе оставиме да видиме каква ќе биде одлука“.

За шест сезони колку што претхдоно помина во Интер, Перишиќ одигра 254 натпревари, постигна 55 гола и запиша 49 асистенции.