Интер го враќа Скамака во Серија А
Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Џанлука Скамака, кој настапува за англискиот Вест Хем, може да добие понуда во текот на летото да се врати во татковината.
Наводно, челниците на Интер се заинтересирани за 24-годишниот напаѓач бидејќи на Един Џеко набрзо ќе му истече договорот а Ромелу Лукаку не е сигурен дали ќе остане во клубот.
Скамака кој има одиграно девет мечеви за селекцијата на „аѕурите“, има договор со популарните „чекани“ до 2027 година.