Интер го договори трансферот на Ромеро

Актуелниот шампион на Италија, Интер, договори големо засилување во одбраната. Аргентинскиот стопер Кристијан Ромеро, кој пристигнува од Тотенхем, треба да го облече дресот на „нераѕурите“.

Според информациите од аргентинскиот „ESPN“, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 40 милиони евра.

Работата е забрзана по директните разговори меѓу спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, и лелниците на лондонскиот клуб.

На овој начин, Ромеро ќе се врати во Серија А, каде претходно изгради репутација како еден од најдобрите дефанзивци во лигата со настапи за Џенова, Јувентус и Аталанта. Аргентинецот го освои Светското првенство во Катар во 2022 година со репрезентацијата.

Тотенхем првично бараше поголема отштета за својот дефанзивец, но двата клуба на крајот најдоа заеднички јазик. Договорениот финансиски пакет му овозможи на лондонскиот тим да врати значителен дел од инвестицијата, додека Ромеро ќе ја оствари својата желба да ја напушти Премиер лигата и да се врати во Италија.

Неговото заминување е дел од големата реконструкција на тимот на Тотенхем пред новата сезона.