Интер го освои турнирот во Хонг Конг

Италијанскиот шампион Интер славеше против Манчестер Сити по изведувањето пенали, откако регуларниот дел од пријателскиот натпревар во Хонг Конг заврши без победник – 1:1.

Англискиот тим поведе во 14. минута преку Дивин Мубама, но Интер брзо возврати. Само шест минути подоцна, Бенжамин Павар ја затресе мрежата и го постави конечниот резултат во регуларните 90 минути.

И покрај бројните шанси на двете страни, до крајот немаше нови голови, па победникот беше решен со пенали.

Во пенал-серијата, Рајан Аит-Нури шутираше над голот, Абдукодир Хусанов ја погоди стативата, а голманот на Интер, Иван Проведел, го одбрани ударот на Нико Гонзалес.

За Интер прецизни беа Пјотр Зјелински, Матија Москони и Матео Лавели, што беше доволно за триумф, иако Џанлуиџи Донарума успеа да го одбрани пеналот на Давиде Фратези. Единствениот реализатор за Манчестер Сити беше Клаудио Ечевери.