Интер го продава Лаутаро Мартинез ова лето

Интер е спремен да слушне понуди за големата ѕвезда на тимот Лаутаро Мартинез, пренесува „Газета дело Спорт“.
Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор дп 2026 година и стана најплатен фудбалер во тимот со годишна плата од 7,5 милиони евра.
Лаутаро оваа сезона не игра на своето ниво, па во Интер сметаат дека сега е идеален момент за негова продажба бидејќи за Лаутаро интерес покажуваат неколку европски гиганти.