Интер го сака Луис Енрике Лима од Олимпик Марсеј

Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Луис Енрике Лима, влегува на радарот на Интер. Според новинарот, Џанлука Ди Марцио, скаутите на миланскиот клуб имале одлични оценки за 23-годишниот крилен напаѓач.
Главниот тренер на италијанците, Симоне Инзаги, сака да го ангажира Лима кој има трансферна вредност од 30 милиони евра.
Бразилецот во сезонава одигра 27 натпревари во францускиот шампионат на кои постигна 7 голови и направи 5 асистенции.