Интер го сака Ренато Санчез од Лил

Италијанските медиуми пренесуваат дека Ренато Санчез е главна трансфер цел на Интер. Ренато Санчез важеше за најголем европски талент, направи трансфер во Баерн каде не се снајде. Во Англија беше дел од Свонси каде што запиша само 12 настапи. Португалецот ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде веќе втора сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Тренерот на „нероаѕурите“ Антонио Конте верува дека Санчез ќе биде идеално засилување за неговиот тим, а Интер веќе стапил во контакт со неговиот агент Жорж Мендеш. Цената на трансферот ќе изнесува околу 30 милиони евра, а Интер планира да го финансира со продажбата на Ериксен.