Интер загреан за позајмениот фудбалер од Реал во Комо

Интер се обидува да постави темели за ова лето да потпише со Нико Паз, една од младите ѕвезди на екипата на Комо. Комо е амбициозен и сака да го направи Паз заштитно лице на клубот во годините што доаѓаат. Покрај тоа, тие имаат богат сопственик кој има доволно пари да го убеди да остане во екипата.
Според Фабрицио Романо, Паз кој е фудбалер на Реал (М), има реални шанси и да се врати во Шпанија, но многу поверојатно е Реал да му дозволи на Комо да го откупи неговиот договор за 9 милиони евра во 2026 година и 10 милиони евра во 2027 година. Шпанскиот тим би имал право на 50 отсто од сумата што доаѓа од негов следен трансфер.
Интер и натаму сериозно го следи Нико Паз, а нивниот потпретседател Хавиер Занети веќе е во интензивни разговори и со неговиот татко.