Интер заинтересиран за Хојлунд

Интер, наводно, внимателно ја следи ситуацијата со данскиот напаѓач Расмус Хојлунд, Манчестер Јунајтед разгледува опции за промени во нападот ова лето. Хојлунд, кој пред 2 сезони пристигна на Олд Трафорд од Аталанта за околу 64 милиони фунти, не успеа целосно да ги оправда очекувањата – постигнувајќи 10 голови во 52 настапи минатата сезона. 

Познато е дека спортскиот директор на Нераѕурите, Пиеро Аузилио, одамна го следи Хојлунд и јавно го пофали неговиот потенцијал уште додека настапуваше во Серија А. Интер размислува за договор во форма на позајмица со опција за откуп – модел што би им овозможил да го тестираат напаѓачот пред евентуална долгорочна инвестиција. 

Финансиската страна би можела да биде клучен фактор, но јасно е дека двете страни двете страни можат да најдат заеднички јазик доколку постои вистински интерес. Со оглед на тоа што летниот трансфер прозорец се приближува, се очекува контактите меѓу Јунајтед и потенцијалните купувачи, меѓу кои и Интер, да се интензивираат. 

Иднината на Хојлунд останува отворена – а неговата следна дестинација би можела да биде клучна пресвртница и за неговата кариера, и за плановите на клубовите што го следат.