Интер започнал преговори со Дибала за ангажман од следната сезона

Во последниве денови се погласни се шпекулиациите дека Интер ќе се обиде да ја донесе ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

„Газета дело Сппорт“ пренесува дека директорот Бепе Марота, кој е бивш директор на Јувентус, ќе се обиде да го донесе Дибала како слободен агент на Џузепе Меаца.

Иднината на Пауло Дибала во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Аргентинецот беше подготвен да го продолжи договорот, но Јувентус ги промени условите, па односите помеѓу двете страни се нарушија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер започнал преговори со неговиот агент и веќе испратил понуда за 5-годишен договор тежок 7,5 милиони евра по сезона.