Интер и Брозовиќ далеку од договор, поставен ултиматум за Хрватот
Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето.
Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката. Имено, Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 6,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.
Последната понуда на Интер изнесува 5 милиони евра плус бонуси, па „нероаѕурите“ му поставиле ултиматум на хрватскиот плејмејкер.