Интер и Лацио несогласни околу откупот на Ачерби

Интер сака да го откупи дефанзивецот Франческо Ачерби на крајот на сезоната, но Лацио постави висока цена.
Имено, Лотито за откуп на Ачерби бара четири милиони евра, а Интер смета дека таа сума е превисока за еден 35-годишник. Ачерби влезе во расправија со раководството на Лацио минатото лето и беше исфрлен од тимот, па Интер ја искористи ситуацијата и го доведе на позајмица.
Дефанзивецот игра добра сезона, па Интер сака да го задржи, но Марота смета дека сумата која ја бара Лацио е превисока и е спремен да плати само 1 милион.
Ачерби не сака да се врати на „Олимпико“, па се очекува двата клуба наредните недели да седнат на преговарачка маса.