Интер Мајами и Палмеирас заеднички со реми зачекорија во осминафиналето

Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2-2 на домашен терен, во натпреварот од последното, трето коло од Групата А.
Покрај Интер, пласман во осминафиналето обезбеди и Палмеирас. Двата тима ја завршија групната фаза со по пет бода, а бразилскиот тим ќе оди во нокаут фазата од првото место на табелата поради подобрата гол-разлика.
Тадео Аљенде му донесе водство на Интер 16-та минута, а поранешниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез, го зголеми водството со гол во 65-та минута.
Водството на Интер го намали Паулињо со гол во 80-та минута, а Палмеирас израмни со голот на Маурисио во 87-ма минута.
Интер од Мајами ќе игра против Пари Сен Жермен во осминафиналето во Атланта, а Палмеирас против Ботафого во Филаделфија.
Во вториот натпревар од третото коло од Групата А, Порто одигра нерешено 4-4 против египетскиот Ал Ахли во Ист Радерфорд.
Во вториот натпревар од третото коло од Групата А, Порто одигра нерешено 4:4 против египетскиот Ал Ахли во Ист Радерфорд. Тимот од Египет четири пати имаше предност, а Порто четири пати успеа да изедначи.
На крајот Порто го освои третото, а Ал-Ахли четвртото место во оваа група.