Интер Мајами преговара со Пол Погба

Францускиот фудбалер Пол Погба, кому утре му истекува 18-месечната суспензија поради допинг, е многу блиску до потпишување договор со американскиот клуб Интер Мајами, пренесува денеска Радио Монте Карло.
Погба, кој со Франција ја освои светската титула во 2018 година, го раскина договорот со Јувентус минатиот октомври, а од есента лани живее со семејството во Флорида.
Францускиот фудбалер беше забележан како се среќава со претседателот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, а потоа присуствуваше на натпреварот на тимот против Њујорк Сити на 23 февруари. Трансфер пазарот во САД е отворен до 23 април.
Пол Погба нема официјален натпревар од 3 септември 2023 година и оттогаш тренира индивидуално.