Интер Мајами фаворит за потписот на Де Брујне

Интер Мајами, во кој играат Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс, Џорди Алба планира летово да го доведе белгискиот играч за врска, 33-годишниот Кевин де Бруине, објавија британските медиуми.
Договорот на Белгиецот истекува на 30 јуни и тој веќе објави дека летово го напушта Манчестер сити каде помина десет години и освои 16 трофеи.
Дејвид Бекам е еден од сосптвениците на американскиот клуб, ќе има силна конкуренција од Саудиска Арабија.
Де Брујне сега мора да одлучи дали ќе ги прифати богатите понуди од Саудиска Арабија, а се зборува за годишна плата од 24 милиони евра или ќе замине во Мајами, која е многу поприфатлива дестинација за него и неговото семејство.
Белгискиот играч за врска постигна 106 гола во сите натпреварувања за Манчестер сити, а имаше и 117 асистенции само во Премиер лигата.
Во историјата на Премиер лигата само еден играч е пред него кога се во прашање асистенциите, а тоа е Рајан Гигс кој собра 162 од нив. За репрезентацијата одигра 109 натпревари и постигна 30 гола, а на СП 2018 во Русија го освои третото место.