Интер му ја нуди капитенската лента на Барела ако потпише нов договор
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер започнал преговори за продолжување на соработката со Николо Барела.
Барела е еден од најдобрите играчи на Интер и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа. Тој го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Интер сака по секоја цена да го задржи на „Џузепе Меаца“.
Неговиот договор истекува во 2024 година, но Интер сака да го награди со подобар договор и му ја ветил капитенската лента од следната година. Медиумите откриваат дека Интер му понудил петгодишен договор и плата од пет милиони евра по сезона, плус од следната сезона да биде нов капитен на тимот.