Интер налето го продава Брозовиќ, Хрватот сака да остане во Италија

Интер на лето е спремен да го продаде Марсело Брозовиќ. Хрватот оваа сезона не е во добра форма и поради повреда често е надвор од терените. Тренерот Инзаги на неговата позиција го стави Чалханоглу, кој одлично го замени Брозовиќ.
Хрватот е еден од најплатените фудбалери во тимот, има договор до 2026 година, па Интер е спремен да го продаде на лето.
Италијанските медиуми пренесуваат дека најсилен интерес за него покажува Јувентус, а и самиот Брозовиќ сака да остане во Италија.