Интер наскоро добива нови сопственици?
Италијански Интер ја продолжува потрагата по нов инвеститор, делува дека преговорите со БЦ Партнерс групата се во застој. Кинеските сопственици на Интер бараат милијарда евра за продажба на клубот, додека англиската група нуди 880 милиони евра. Сунинг веќе мораше да продаде 25 отсто од своите акции во клубот, па со новите финансии можат да бараат и подобра цена. Сепак, по пишувањата на италијанските, но и англиските медиуми, се појави нова заинтересирана страна. Се работи за Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија. Овој фонд е еден од најбогатите на светот, се наоѓа под патронат на кралското семејство со проценето богатство од 347 милијарди евра! Фондот веќе одреден период се доведуваше во врска со преземање на Њукасл, понудата беше и прифатена, но истата подоцна повлечена од страна на фондот поради пандемијата. Сега, наводно се заинтересирани да купат пакет акции во Интер во висина од 30 отсто.