Интер нема да купува во зимскиот преоден рок

Спортскиот директор на фудбалскиот состав Интер, Пјеро Аусилио, потенцираше дека „нероаѕурите“ нема да ангажираат нови играчи во зимскиот преоден рок и дека ќе почекаат до наредното лето.
„Можеби ќе ни биде тешко да најдеме можности за нови играчи во јануари бидејќи играме на секои три дена и немаме време да ги интегрираме.
Годините ни покажаа како да дејствуваме на пазарот. Сè повеќе сме убедени дека одредени работи треба да се направат на лето“ – објасни како размислува Аусилио.