Интер од Мајами заинтересиран за Меси
Еден од челниците на Интер од Мајами, Ксавиер Асенси, изјавува дека фудбалерот на Париз Сен Жермен, Лионел Меси, наредната година би можел да заигра во американскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми.
Интер од Мајами, каде еден од сопствениците е легендарниот Дејвид Бекам, има амбициозни планови за иднината.
„Ако сакаме да станеме препознатливо лице на фудбалот во Америка, потребни ни се големи играчи. Меси не може да се спореди со ниту еден друг фудбалер. Наша цел е да ги ангажираме најдобрите. Дали е реално тој да дојде кај нас? Се зависи од тоа што сака самиот Меси“, изјавува Асенси.
Меси во ПСЖ пристигна минатата година од Барселона, а има договор со клубот до јуни 2023 година.Тој одби да го продолжи договорот со тимот од Париз затоа што конечната одлука ќе ја донеси после завршувањето на Светското првенство во Катар.