Интер рутински го „среди“ Каљари и побегна на врвот

Фудбалерите на Интер ја оправдаа фаворитската улога и славеа победа од 3-1 во денешниот натпревар од Серија А против Каљари.

„Нероаѕурите“ од самиот почеток беа подобар противник и резултатот го отворија по 13 минути игра кога во листата на стрелци се запиша Арнаутовиќ. Веќе во 26. минута Лаутаро Мартинез се погрижи за 2-0, сега Арнаутовиќ беше во улога на асистент.

Каљари на стартот од вториот дел се врати во игра со погодкот на Пиколи во 48. минута, сепак Бисек во 55. минута ги постави конечните 3-1.

На табелата сега Интер има 71 бод, шест повеќе од Наполи кој во понеделник го игра својот натпревар против Емполи.