Интер се засилува со Србинот Миленковиќ

Новинарот Фабрицио Романо пренесува дека Интер од Милано е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Фиорентина Никола Миленковиќ.
24-годишниот централен дефанзивец и во претходните сезони беше трансфер мета на голем број клубови од Италија и Англија, но Миленковиќ одлучи да остане во Фиорентина каде пристигна од Партизан во 2017 година.
Моменталната пазарна вредност на фудбалерот е 20 милиони евра. Неговиот договор со Фиорентина истекува во јуни 2023 година.