Интер со молба до аргентинската федерација во врска со Лаутаро Мартинез
Интер ќе побара од аргентинскиот фудбалски сојуз Лаутаро Мартинез да не биде дел од репрезентацијата за светските квалификации против Венецуела и Еквадор на крајот на овој месец, пренесува „Газета дело спорт“.
Причината за барањето на италијанскиот шампион е тоа што „гаучосите“ веќе обезбедија учество на СП 2022 во Катар и претстојните натпревари немаат големо значење.
Од друга страна, Интер на 3 април го очекува важен дуел со Јувентус и тоа веднаш после репрезентативната пауза.
Дербито со „старата дама“ се очекува да биде клучен натпревар за Интер во битката за освојување на Скудетото, па од клубот сакаат нивниот напаѓач да биде доволно свеж пред тој дуел.