Интер спремен да го откупи договорот на Франческо Ачерби

Интер одлучи да го откупи дефанзивецот Франческо Ачерби од Лацио, пренесува „Газета дело Спорт“.
Ачерби влезе во расправија со раководството на Лацио минатото лето и беше исфрлен од тимот, па Интер ја искористи ситуацијата и го доведе на позајмица. Дефанзивецот одигра одлична сезона, па Интер сака да го задржи и почнал преговори со Лацио.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер ќе плати 2,5 милиони евра за да го откупи 35-годишниот дефанзивец.
Лацио првично бараше четири милиони евра, но Интер успеа да ја намали цената преку преговори.