Интер ја намали цената на Лаутаро
Италијански Газета дело Спорт јавува дека Интер ја намалил цената за Лаутаро Мартинез и сака да го продаде ова лето.
Новиот шампион на Италија финансиски не стои добро, па од 111 милиони евра, Лаутаро може сега да оди за 80 милиони, ова го тврди престижниот весник од Италија.
Лаутаро и Интер имаат договор до 2023 година, но клубот од Милано сака да профитира, го донесе за 25 милиони евра, сега има понуда од Барселона која тежи 80 милиони.
Барселона притискаше за Лаутаро минатата сезона, но Интер не отстапи од откупната клаузула која изнесува 111 милиони, сега таа е намалена за 31 милион.