Интер ќе ја почне одбраната на титулата против Џенова

Вчера беше извлечен календарот за новата сезона во Серија А 2021/22.

Шампионот Интер одбраната на Скудетото ќе ја започне на домашен терен против Џенова, а дерби во првото коло е Рома – Фиорентина.

Елмас во првото коло игра против новиот прволигаш Венеција, додека Несторовски и Удинезе го пречекуваат Јувентус.

Големото дерби помеѓу Интер и Јувентус се игра во 9-то коло, додека миланското дерби на програмата е во 12-то коло.